абас

Никому нема да дозволиме да премести амбасада во Ерусалим

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера изјави дека на ниту една земја нема да и биде дозволено да ја премести својата амбасада во Ерусалим. Палестинска новинска агенција (WAFA) објави дека Абас во зградата на претседателството во Рамалах примил делегација на арапски лекари во зградата  и за време на приемот изјавил:

“Палестинската управа ниту на американскиот претседател Доналд Трамп, на било кој друг претседател на било која друга земја нема да им дозволи да кажат дека ’Ерусалим е главен град на Израел’”. Палестинската управа ќе се бори против одлуката на Трамп и нема да дозволи ниту една земја да ја пресели својата  амбасада во Ерусалим додека не се реши израелско-палестинското прашање “.

Абас додаде дека решението би можело да се постигне на начин на кој Источен Ерусалим ќе му припадне на Палестина, а Западниот Ерусалим на Израел.

“Источен Ерусалим е лулка на исламот, христијанството и јудаизмот. Верниците, членови на овие вери, можат слободно да доаѓаат тука и да ги изведуваат своите верски обреди, бидејќи на самиот почеток рековме, дека Источен Ерусалим е главен град на нашата земја и е отворен за сите вери”,истакна Абас.

На 6 декември 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Ерусалим во главниот град на Ерусалим. Стејт департментот подоцна објави дека во мај оваа година американската амбасада од Тел Авив ќе биде преместена во Ерусалим.

(Vijesti. / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − = two