bundestag

Бундестаг:Американскиот удар на Сирија представува кршење на меѓунарoдното право

Научната служба на германскиот Бундестаг, на барање на левоориентираната партија Die Linke , ги анализирала нападите на САД, Велика Британија и Франција за Сирија и признала дека тоа представува кршење на меѓународното право, пишува германскиот весник Die Welt. Од трите земји кои учествуваа во воената агресија, која беше декларативно поддржана од Германија, само Велика Британија се обиде да ги оправда своите акции на правна основа. Сепак, стручното мислење на ресорната служба на Бундестагот е дека аргументите на Лондон се неубедливи.

“Употребата на воена сила против странска држава за да се казни за прекршување на меѓународна конвенција претставува кршење на меѓународното право кое ја брани употребата на сила”, претставува дел од експертскиот извештај од 11 страници составен на барање на партијата Die Linke.

Правното образложение на Велика Британија, кое воената одмазда ја правдала како реакција на хипотетичката употреба на хемиско оружје од страна на армијата на претседателот Башар ал Асад, го прогласи документот “неубедлив”.

Британската страна инсистираше на тоа дека меѓународното право во исклучителни случаи дозволува такви мерки да се стави крај на човечкото страдање, објаснува Дие Велт.

Сепак, според научниците од Бундестагот, немало предуслов за такви акции, вели Дие Велт.

Покрај тоа, научната служба на германскиот парламент наоѓа сомнително тврдење дека “воените напади се всушност соодветни за да се спречи понатамошно човечко страдање, особено ако ги земете предвид можните идни жртви на сирискиот конфликт”.

Германскиот дневен весник потсети дека нападите врз Сирија биле спроведени без согласност на Советот за безбедност на Обединетите нации, во кој Сирија, заедно со другите земји, ја има поддршката на Русија.

Германија не учествуваше во воениот напад, но подоцна обезбеди политичка поддршка на своите клучни сојузници од Пактот на НАТО. Германската влада не обезбедила на парламентот и на јавноста објаснување врз основа на правната основа.

Од сите земји учеснички, само Велика Британија го оправда своето учество во нападот од гледна точка на меѓународното право.

Меѓутоа, по нападот врз Сирија, во Велика Британија се појави спор околу тоа дали премиерката Тереза ​​Мај треба да побара мислење од парламентот пред почетокот на воената операција. Нејзиното објаснување е дека сама одлучила за своја одлука, бидејќи било неопходно да се дејствува брзо.

“Сепак, причината може да биде тоа што премиерот нема мнозинство во парламентот”, пренесе Дие Велт, што беше случај кога поранешниот премиер Дејвид Камеро о 2013 година и мнозинството на пратениците беа против воена интервенција во Сирија.

Кога ја нападнаа Сирија, САД користеа крстосувачки ракети “Томахавк”, кои беа лансирани од бомбардери и воени бродови. Британските и француските авиони користеле крстосувачки проектили од типот Storm Shadow, а Франција користеше нови ракети од воени бродови.

Дие Велт потсетува дека две неексплодирани крстосувачки ракети паднале во рацете на руската армија, иако попрецизно е дека сириската армија ги пронашла и предала на нивните руски колеги. Оружјето беше испратено во Русија, каде што ќе бидат испитани од руски воени експерти, пишува Дие Велт, осврнувајќи се на нивните извори во германскиот Бундесвер.

Рускиот воен експерт Алексеј Леонков вели дека сега е можно да се одреди дизајнот на проектите и дека руските експерти најмногу се заинтересирани за електроника, односно компјутерска технологија која ги одредува координатите на целта и како целта е визуелно дефинирана.

Извор: Die Welt




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 9 =