Armenija-Pobunjenici-670x458

(Видео) Власта на Ерменија: Нема да има “Обоена револуција“ и законот ќе се спроведува!

Полицијата во Ереван, во главниот град на Ерменија, после речиси еднонеделно собирање и најавата за покренување на “Обоената револуција”, пренесе изјава во која соопшти дека на местото на протести, не приведила туку “отстранила” тројца опозициски претставници, вклучувајќи го и опозицискиот лидер Никола Пашињан.

“Полицијата наведува дека по одлуката за завршување на демонстрациите, понатамошните акции на организаторите биле нелегални, а сите учесници треба да го напуштат местото на собирање”, објавија ерменските новински агенции.

Се наведува дека организаторите на илегалното собирање, кои полицијата почнала да ги растерува, и дека Никол Пашињан, Арарат Мирзојан и Сасун Микаелјан “рисилно бил отстранети од местото одржување митингот”.

Претходно медиумите објавија вест дека лидерот на протестите во Ереван, Никол Пашињан, лидер на партијата која на минатите избори освоила само 8 отсто гласови и иницијатор на обоената револуција во Ерменија, бил уапсена од страна на полицијата, која во растурањето на демонстрантите од протестот користела законски предвидени несмртоносни оружја.

Денеска требало да се одржат преговори меѓу Пашињан и премиерот на Ерменија, Серж Саргсјан, меѓутоа  тие завршиле после три минути. Премиерот го напуштил  состанокот.

Пашињан веднаш го вети продолжението на протестите, “но со нови методи”, по што водачите на Обоената револуција бил “официјално отстранети од местото на митингот”.

Ерменската полиција, по неуспешните преговори со премиерите со водачи на таканаречената опозиција, соопшти дека доколу демонстрантите сами не го напуштат местото на собирање, агенциите за спроведување на законите ќе имаат право насилно да ги прекинат демонстрациите.

Во соопштението се наведува дека демонстрантите во согласност со законот имале право на собири, но тоа не може да трае на неодредено време и во сите места каде што ќе определуваат нивните водачи.

Министерството за правда на Ерменија смета дека треба да се објасни дека, дури и ако демонстрациите се спроведуваат без пријава, ама доколку се мирни, полицијата е должна да помогне на собирот  во рамките на својата надлежност, но тоа не значи дека учесниците и организаторите на тоа собирање можат да ги нарушат обврските пропишани со закон.

“Без оглед на фактот, ако се најавува или не, или мирен начин на собирање, ако одржувањето на демонстрациите ги ограничува основните права на други или јавни интереси, на пример, трајно блокира патиштата, ограничува пристапот и излегување од згради или други простории, создава бучава која му штети на остатокот на населението во стамбени четвртини во ноќни часови, го спречува работата на претседателот, Народно собрание и друго, полицијата може да прекине собирањето “, соопшти Министерството за правда на Ерменија.

Министерството, исто така, соопшти дека сите повици за непочитување на ова законски одлука и спречување на полицијата да се постапува според закон ќе бидат сметани за кривично дело, а сторителите ќе ја преземат одговорноста.

Извор:Logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 16