w1

(Фото) ШАРЈАХ: Ѕирнете во домот на трговец со бисери од 19.век

“Bait Al Naboodah”, домот на семејство на трговец со бисери во Емирати, изградена е во 1845 година, по двегодишна реставрација повторно е отворена за јавноста. Двоспратна куќа, препозната како архитектонско рекем- дело,била сопственост на Обади Ал Шамси, еден од најзначајните трговци со бисери во овој дел од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој го прошири бизнисот во Индија, Африка и Франција.

Куќата е изградена во широкиот двор со корални ѕидови, дизајнот на ентериерот и екстериерот се одликува со декоративни резби во гипс и дрво. Домот на семејство Ал Шамси е изградено со внатрешен систем за разладување, што им помогнало на семејството да остане во близина на морето цела година, дури и кога повеќето луѓе заминуваат во внатрешните области и оазите за да побараат спас од високите температури. Ал Шамсијевиот дом била едно од најголемите градби во овој дел на Емиратот, што беше еден од јасни показатели за статусот на неговото семејство.

Експерти од Шаржа Институтот за културна наследство внимателно се користат комбинација на традиционални и модерни техники во процесот на реставрација, така што обновената зграда е автентична на она од минатото.

При пристигнувањето на оваа куќа-музеј, посетителите имаат можност да видат опрема што се користела за мерење на тежината и големината на бисерите во Шаржа. Исто така, изложена е и збир на архивски документи кои ги откриваат работите на сопственикот на куќата со компаниите, бизнисмените и владителите од тоа време. Интерактивна поставка покажува важноста на трговијата со бисери во регионот.

“Баит ал Набудах” претставува фантастичен архитектонски пример кој го отсликува наследството на Шаржа и се потсетува на времето кога жителите на денешните ОАЕ живееле од лов на бисери и трговија. Некогаш профитабилен бизнис во Емиратите престана да биде главен извор на приходите од 20-тите години на минатиот век, кога започна да се произведуваат бисери во Јапонија, кои по цена станаа далеку попристапни од оние кои нуркачите ги вадеа од морето.

Работно време на куќата-музеј “Баит ал Набудах” е од сабота до четврток од осум до 20 часот, во петок од 16 до 20 часот. За деца до две години влезот е бесплатен, деца од две до 12 години плаќаат пет AED, а за сите останати цена на влезницата изнесува 10 AED.

Извор:BIRO




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 7