erdogan

Пораките на лидерите по повод 23 април

23 април претставува симбол на повторното издигнување на Турција

Политичарите објавија пораки со честитки по повод 98-та годишнина од 23 април – Празникот на националниот суверенитет и Меѓународниот ден на детето како и свеченото отворање на Големото национално собрание на Турција.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката рече дека 23 април претставува симбол на повторното издигнување на Турција.

Активностите во 98 годишното Големо национално собрание на Турција продолжуваат со исто возбудување како и првиот ден.

Во освртот на предвремените парламентарни и претседателски избори на 24 јуни, претседателот Ердоган рече дека влегуваме во нов период кој ќе ги зајакне стабилноста и довербата во Турција.

Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман во пораката рече дека Големото национално собрание прогласи дека нема да прифати ниту еден предлог освен целосната независност и ја започна револуционерната борба за независност кое под водство на првиот претседател Мустафа Кемал заврши со победа.

Претседателот на Собранието Кахраман им го честита празникот на децата и рече дека од срце ги прегрнува децата на кои им беше подарен празникот, а исто така му го честита празникот на големиот турски народ.

Премиерот Бинали Јидлирим во пораката со отворањето на Големото национално собрание на Турција врз начелото „Владеењето и суверенитет безусловно припаѓаат на народот“ во турската историја започна еден нов период.

Премиерот Јилдирим подвлече дека најголема цел е да се оствари сонот на децата за формирање свет исполнет со мир, спокојство и братство,

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу во пораката рече дека 23 април, Празникот на националниот суверенитет и Меѓународниот ден на детето претставува гаранција за развојот на демократијата, воспоставувањето на правото, зајакнувањето на правната држава како и мирот и развојот во земјата.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = seven