irannukealren dogovor

IAEA: Иран го спроведува нуклеарниот договор

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) објави дека нуклеарниот договор со Иран значително го подобрил пристапот до таа земја.

Корнел Серута, висок официјален претставник на ИАЕА, изјави дека “Иран сега е предмет на најстрогиот режим на нуклеарна верификација и ги спроведува своите обврски според нуклеарниот договор” врз основа на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) од 2015 година.

Американските сојузници и ривали денеска изразија поддршка за договорот, зајакнувајќи ја позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон кај американскиот претседател Доналд Трамп дека нема “план Б” за нуклеарната спогодба на Иран, објави Ројтерс.

JCPOA и понатаму  е најдобар начин да се обезбеди ексклузивна мирна цел на иранската нуклеарна програма и ветува конкретни економски бенефиции за иранскиот народ “, изјавил Накимиту, високиот комесар на ОН за разоружување.

За време на посетата на Пекинг, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека се согласил со својот кинески колега, Ванг Ји, да го блокира секој американски обид за саботирање на договорот, објави “Русија денес”.

Извор:faktor

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − six =