1

Шведски активист на пат кон Палестина, пешки пристигна во Анкара

Шведскиот активист Бенјамин Ладра веќе девет месеци пешачи од Шведска до Палестина како би укажал на израелското насилство спрема Палестинците.Image result for Benjamin Ladraa

На 15 август, Ладра го започна своето патување од Гетеборг кон Палестина, а по осум и пол месеци пристигна во главниот град на Турција, Анкара.

Новинар на АА денес го затекна 25-годишниот Ладра денес во местото Кизилчахамам, во близина на Анкара.

Ладра истакна дека тој веќе преминал 3.000 од 4.800 километри планирани како би укажал на насилството што Израел го спроведува против обесправените Палестинци.

Претставниците на две турски невладини организации го поздравија Ладра и го поддржаа неговиот пат.

“Мојата цел е да го посочам кршењето на правата на Палестинците, и на ова, исто така, ги истакнувам постојаните публикации на социјалните мрежи. Ако не ми дозволат да влезам во Палестина, јас детално ќе ги информирам медиумите “, рекол Ладра.

Од Шведска, преку Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, Ладра пристигна во Турција, а понатаму има намера кон Сирија, Либан, Јордан и Египет да влезе во Палестина.Image result for Benjamin LadraaRelated imageRelated image

Image result for Benjamin LadraaÅ vedski aktivist na putu ka Palestini pjeÅ¡ice stigao u AnkaruИзвор:(trt.net.tr)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = six