Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес изјави дека очекува дека следниот месец да одржи политички митинг во еден европски град пред изборите во јуни следниот месец, иако некои европски земји им забранија на турските политичари да прават кампањи на нивните територии. “Со помош од Бога, во мај ќе го имаме првиот митинг во затворен спортска сала во Европа, во европска земја. Сите подготовки се завршени “, изјавил Ердоган во говорот пред членовите на неговата владејачка партија АК.

Тој не кажа за која земја зборува.

Ердоган ги распиша предвремените парламентарни и претседателски избори за 24-ти јуни, за да и дозволи на Турција брзо да се префрли на новиот претседателски извршен систем усвоен на минатогодишниот референдум.

Пред референдумот, турските министри отпатуваа во одредени земји, вклучувајќи ги и Холандија и Германија, за да добијат поддршка од големите турски заедници.

Властите на овие земји им забранија да одржуваат митинзи, осврнувајќи се на безбедносни причини.

Извор:(Vijesti / SRNA)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име