jildirim-eu

Јилдирим му порачал на Советот на ЕУ да “си ја гледа својата работа“

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим на предлог да бидат одложени предвремените избори во Турција, изјави дека Советот на Европа би требало да “си ги гледа своите работи”, објави Анадолу Агенцијата (АА).

- Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) Би требло да си ги гледа своите работи. Турција е таа која ќе одржи избори, а не тиа- изјавил Јилдирим во обраќањето на медиумската конференција во Мадрид, каде се наоѓа во посета.

Потсетуваме, Надзорна комисија ПАЦЕ ја повика Турција да ги одложи предвремени избори закажани за 24-ти јуни, тврдејќи дека нивното одржување не е во согласност со критериумите на Европската унија (ЕУ).

- Невозможно е одржување на вистински демократски избори додека трае вонредна состојба и безбедносни операции во југоисточниот дел на Турција – наведоа од ПАЦЕ комисија.

Вонредна состојба во Турција, прогласена е на 20-ти јули 2016 година по обид за пуч на терористичката организација ФЕТО, и е неколкупати истата е продолжувана.

Јилдирим претходно изјавив дека изборите, кои ќе се одржат на 24-ти јуни во Турција, се од голема важност во контекст целите за 100 години од основањето на Република Турција, и дека неговата земја во овие избори ќе ја потврди својата иднина и стабилност.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 7 = forty two