valentina

Која е Валентина Матвијенко, која ја критикува Црна Гора и заканува на Македонија

Добро е познато дека не може секој политичар во Русија да ја ужива довербата на претседателот Владимир Путин. Тоа му успева само на неколкумина, меѓу нив  посебно место зазема и една дама-Валентина Матвињенко. Челичната лејди на Путин е под санкции на Европската унија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Родена е на  7 април 1949 година во Украина. Во 1972 година завршила Ленинградско хемиско-фармацевтски институт, по 13 години и Академијата за општествени науки при Централниот комитет на КПСС.

Валентина Ивановна Матвињенко се смета за трета личност во земјата, веднаш по претседателските Владимир Путин и Дмитриј Медведев.

Колку е близнак соработник на Путин зборува и тоа што во 2011 година ја постави на чело на Горниот дом на парламентот, што ја направи како најмоќната жена во земјата.

Од 1972. година работела при Комунистичкиот сојуз на младите. Од раководител на Петроградскиот реонски комитет на Комунистичкиот сојуз на омладината напредувала до прв секретар на Ленинградскиот областен комитет на Комунистичкиот сојузн на младината.

Во периодот 1984-1986. била прв секретар на Црвенгардискиот реонски комитет КПСС, од 1986 до 1999 година била заменик-претседател на Извршниот комитет на Ленинградскиот совет. Во 1989. избрана е за народен пратеник во СССР. Била и претседател на Комитетот на Врховниот совет на СССР за прашање на жените, заштита на семејството, мајчинството и децата.

Во 1991. Годин завршува курс за усовршување на раководните дипломатски работници при Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на СССР. Во периодот 1991-1998. била на дипломатска служба. Била амбасадор на СССР и Руската Федерација во Република Малта, директор на Одделот за односи со субјекти на федерацијата, парламентот и социо-политичките организации на Министерството за надворешни работи, член на Колегиумот на Министерство за надворешни работи и амбасадор на Русија во Грција.

Во периодот 1998-2003 година. Работела како заменик на претседателот на Владата на Руската Федерација, ја надгледувала и социјалната сфера. Во март 2003 година била назначена за полномошник претставник на претседателот на Руската федерација во северозападниот федерален округ.

Од 2003 до 2011 година ја извршува и должноста на гувернерот во Санкт Петербург. Во август истата година била назначена и за претставник на Владата на Санкт Петербург во Советот на федерацијата, а во септември била избрана за претседател на Советот на Федерацијата. Станала и трета личност во државата и првата жена на таа функција. Се залагала за зајакнување на положбата на жените во политиката. Добитничка е на бројни награди и признанија.

Поради кризата во Крим, доспеала и на црната листа на Европската унија и САД, кога беа вклучени санкциите, вклучувајќи и замрзнување на имот во САД и забрана за влез во Америка. Поради нејзината улога во припојувањето на Крим кон Руската Федерација и Канада ја стави на листата на санкционирани лица.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 7 =