KADIROV

РУСИЈА/ Кадиров со санкции кон Трамп и Меркел

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Чеченија воведила санкции за претседателот на САД, Доналд Трамп, и германската канцеларка Ангела Меркел и другите западни политичари.

“Доколку пристигнат во Чеченија, веднаш ќе ги уапсиме и затвораме. Ако пронајдеме нивни банкарски сметки, веднаш ќе ги блокираме,” рекол Кадиров за телевизија Русија 24.

Најавата на Кадиров доаѓа откако беше објавено дека државите од Г7 планираат да и`воведат нови санкции за рускија заради ситуацијата во украинскиот Донбас.

Коментирајќи го воведувањето на санкции на руските компании, Кадиров смета дека нивните загуби нема да бидат големи .

“Животот на човекот има висока цена.” “Парите можат да се направат, ама човекот не може да се врати од оној свет. Заради тоа претседателот ги штити животите на луѓето. Одредени бизнис елити го губат својот имот.Тие заработуваа користејќи го народот и на нашата држава, Меѓутоа, народот апсолутно добро живее заради санкции “, рекол Кадиров.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 5 = thirteen