erdogan

На 20-ти мај, Ердоган доаѓа на голем предизборен митинг во Сараево

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе пристигне во Босна и Херцеговина во мај, каде што ќе одржи голем изборен митинг во главниот град.

Ова се случува откако Германија и Австрија му забранија на турскиот претседател да организира политички собир во тие земји.

Како што пишува Јенишафак, Ердоган ќе пристигне во Сараево на 20-ти мај, каде што планира да одржи митинг за 10.000 турски граѓани кои живеат во БиХ, и кои ќе дојдат од други европски земји.

Предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција ќе се одржат  на 24 јуни. Сегашната влада во Турција и АК партијата во овој момент е многу важно да одржат предизборен митинг во европска земја, откако минатата година Холандија и Германија ја забранија организацијата на конференции по повод референдум за уставните промени во Турција.

Ердоган првично планираше да одржи предизборен митинг во Германија, со оглед на тоа што во ова земја живеат најголем број на турски граѓани во цела Европа. Сепак, откако бил одбиен од власта, по што слична одлука уследи и од страна на  Австрија, одлуката паднала да се одржи во Сараево.

Подготовките за собирање во Сараево веќе започнаа.

“По антидемократските изјави кои доаѓаат од европските земји, митингот кој го организира Ердоган станува уште поважен”, пренесува Јенишафак.

Претходно беше објавено дека АК партијата во БиХ ќе ја организира свој огранок.

Деталите за посетата на Ердоган на Сараево сé уште не се познати, но се очекува турскиот претседател официјално да ја отвори клиниката за акушерство на КЦУС, која беше финансирана од TIKA.

Можно е да се официјализира продолжувањето на работите на новата зграда на Ријасетот на Исламската заедница, која ќе биде финансирана од Турција со повеќе од 10 милиони евра.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 5 =