izrael-vojska

Снимка како израелските војници пукаат кон Палестинците предизвика гнев кај јавноста

Видео снимка од однесувањето на израелските војници за време на отварањето оган и гаѓање со гумени куршуми на палестинските демонстранти предизвика гнев кај јавноста. Првенствено, војниците пукаат без очигледна причина, т.е. без постоење на закана упатена на нивната позиција.

Ова е настан што се случил на 13-ти април, а го представува однесувањето на израелските војници, вклучувајќи и дискусија за можната употреба на муниција против цивилите. Војниците коментираат дека не можат да користат вистинска муниција, ама доколку имаме барем еден “вистински куршум” ќе ја реши целата ситуација.

“Ние треба само еден добар погодок и тоа е тоа. Тоа ќе ги научи да не фрлаат камења”, изјавил припадник на ИДФ (израелски одбранбени сили). На снимката не се забележуваат, односнио гледа фрлање на камења, односно дека ниту еден камен не дошол во близина на изралеските војници.

Исто така, во нивниот разговор, се слуша советување да не пукаат на демонстрантите од далеку, бидејќи тоа само ќе ги “преплаши”, алудирајќи на тоа да не сакаат протестите да ги завршат на тој начин.

При стрелањето – пукање со гумен куршум без очигледна причина, еден од војниците почнува да се радува, додека другиот советува да се смири заради тоа што ги снима камерата и затоа се однесуваат професионално.

Видеото го објави организацијата  B’Tselem, а во описот стои дека настанот бил снимен во селото Мадама на Западниот брег. Седуммина Палестинци беа повредени во инцидентот, а двајца завршиле во болница.

Извор:Klix




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× two = 4