Австрискиот канцелар Себастијан Курц отценил дека не е во можност, исто како и претседателот на регионот Корушка, да го забрани одржувањето на комеморацијата во Блеибург.

BLEIBURG

Фото: Детал од еден од собирите во Блеибург

“Најпрво треба јасно да се истакне дека собирот кој се одржува е црквена манифестација. Не е ниту на владата, ниту на претседателот на покраината, а ниту на покраинската влада да одлучува дали тој собир ќе се оддржи, објаснил Курц во изјава за новинарите.

Запрашан дали ќе одговори на барањето на корушките власти законот за забрана на величење на нацизмот прошири и на усташките симболи, Курц не сакал да одговори.

Сепак, тој истакнал дека прекршувањето на постојниот закон мора доследно да се казнува.

Австриското Министерство за внатрешни работи објави дека ќе преземе правни мерки за верификација во врска со симболите и ознаките.

Во Австрија во последниве денови, претставниците на неколку политички партии и организации ја критикуваа комеморацијата во Блеибург, оценувајќи дека тоа е најголемиот собир на нацистите и фашистите во Европа.

Тие, исто така, побара од властите  собирот, кој се оддржува на приватен имот да биде, забранет.

Извор:РСА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име