tramp makron

На која арапска земја му се заканува Трамп: Ако не ја платете нашата заштита, ќе пропаднете за една недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека некои од “исклучително богати” земји на Блискиот Исток мора да платат за американската заштита и да ги распореди своите војници во Сирија.

Говорејќи на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот, Трамп рече дека овие земји “нема да траат една недела” без поддршка од САД.

- Земјите кои се во оваа област, од кои некои се исклучително богати, не би биле тука, немаше да потраат ниту една недела доколку не ги заштитувавме. Тие сега мора да влезат (во Сирија) и да платат за она што се случува - изјавил Трамп.

Трамп самиот не именуваше ниту една земја по име.

Забелешките на Трамп министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубери ги протолкувал дека Катар е тој кој треба да плати за присуството на САД во Сирија.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − = two