palestina

Палестинскиот новинар кој беше застрелан од Израелските сили, им подлегна на раните.

Палестинскиот новинар кој беше застрелан од израелските сили додека известуваше за протестот долж израелската граница и појасот Газа пред речиси две недели, денес им подлегнаа на раните, соопштија здравствените работници. Ахмед Абу Хусеин (24) работел за радиото Ал-Шааб од Газа и носел панцирно одело  со ознака “Пресс“ за време на протестите на 13-ти април, соопштија сведоците. Фотографиите на ранетиот Абу Хусеин како лежи во панцирно одело се појавија на социјалните мрежи.

Тој е вториот новинар убиен во израелскиот оган од почетокот на редовните неделни протести кои се одржуваат во петок, кои започна на 30-ти март, барајќи враќање на палестинските бегалци и нивните потомци на територијата која сега ја окупира и сочинува Израел.

Здравствените власти соопштија дека куршумот поминал странично низ панцирното одело на Абу Хасан. Тој бил префрлен од Газа во болница на Западниот брег под израелска окупација и префрлен во болница во Израел каде што починал.

Со неговата смрт, бројот на палестинци убиени во протестите во близина на границата со Израел се зголеми на 38.

Портпаролката на израелската армија не ја коментираше смртта на Абу Хусеин, објави Ројтерс.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 8 =