Швајцарска компанија, со одобрение од државните власти, извезла 5 тони изопропанол во Сирија, што може да се користи за производство на гас сарин, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Според тврдењата на Швајцарската државна телевизија (РТС), швајцарска компанија кон крајот на 2014 година во Сирија извезела забранета хемикалија, која можат да се користи во производството на хемиско оружје.

Се тврди дека хемиското средство во Сирија било извезено откако Меѓународната организација за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) 2014 година соопштила дека Сирија уништила 133 тони изопропанол.

Исто така, се додава дека изопропанолот се извезува во Сирија без какви било законски ограничувања.

Националната агенција за економија на Швајцарија (СЕКО) потврди дека забранетата супстанца била извезена во Сирија во 2014 година.

Во соопштението се вели дека супстанцата била увезена од приватна фармацевтска компанија од Сирија за која не е утврдено никакво поврзување со сирискиот режим.

Исто така, се наведува дека Швајцарија се придржува до санкциите наметнати од европските земји за Сирија, додавајќи дека во 2014 година не постоела правна пречка за извозот на изопропанол.

На крајот, се вели дека денес нема да биде можно да се извезува иста хемикалија поради нападот со хемиско оружје што го спроведе сирискиот режим.

Комисијата за безбедносна политика во швајцарскиот Сенат повика на темелна истрага за целиот случај во врска со извозот на забранетата хемикалија во Сирија.

Извор: Анадолија

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име