Мичел од Лондон не можела да му поверува на своите очи кога го отворила пакетот кој и` пристигнал по брза пошта, и наместо шампон кој го нарачала по пат на интернет во него здогледала 20 нови американски пасоши.

Веднаш ја повикала полицијата, која и ‘рекла да ги фрли во ѓубре, меѓутоа  висок полициски службеник го презел разговорот и и`рекол дека не го прави тоа. Потоа ја повикала  Американската амбасада.

“Ова е голема грешка, што ако овој пакет дојдеше во рацете на терористи? Бев исплашена затоа што никој не сакаше да ми објаснам што се случува “, изјавила британката.

По неколку часа пасошите беа преземени од вработен во Американската амбасада во Лондон. Компанијата соопшти дека нејзиниот пакет и пакет на амбасадата стоеле еден покрај друг и дека вработениот по грешка ги заменил.

Американската амбасада соопшти дека веруваат дека ова била обична грешка што повеќе нема да се повтори и дека безбедноста и интегритетот на патните документи се на прво место.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име