Францускиот претседател Емануел Макрон го напушти Вашингтон како суперѕвезда, без оглед дали го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да остане во Сирија, како да се однесува со Иран или нешто друго,објави АП.

Макрон го подобри својот глобален статус, стоејќи раме до раме со американскиот претседател, кого го нападна во говорот на Конгресот, бранејќи ја сопствената визија за светскиот поредок, пренесува американската новинска агенција.

Според коментаторот на RTL радио Оливија Мазерола, францускиот претседател го положил тестот, додека весникот Паризиен пишува дека позициите на двата државника за Блискиот исток и климатските промени не се промениле.

Макрон го разоружа на Трамп со неочекуван бакнеж

Како пренесува АП, интимноста меѓу двата претседатели, вклучувајќи го и коментарот на Трамп за првутот на Макрон, предизвика кратко исмејување на социјалните мрежи, но фокусот сè уште беше во суштината на посетата.

Трамп му го чисти првутот од сакото на Макрон

Макрон ја бранеше својата стратегија за пријателство со Трамп, иако другите лидери ја сметаат за опасност за меѓународниот светски поредок, објави американската агенција.

АП вели дека ова е дел од неговата стратегија кон светските лидери од рускиот претседател Владимир Путин, преку иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот аргумент е дека е попродуктивно да биде во контакт со луѓето како што е Трамп, отколку да се отфрлат.

После критиките изнесени на политиката на Трамп во говорот во Конгресот, АП пишува дека постои ризик Трамп да се “окоми” на него со непријатни твитови, меѓутоа  Макрон рекол дека нивниот однос на лично и национално ниво е исклучителен.

Државната посета на Макрон ќе биде сосема поинаква од утрешната работна посета на германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе се обиде да го смени мислењето на Трамп за трговија, договорот со Иран и другите тешки прашања, според американската новинска агенција.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име