kuran

Во Франција покрената петиција за бришење на ајети од Кур`анот

Во Франција, покрената е петиција против таканаречениот нов антисемитизам, кој го потпишаа 250 влијателни луѓе од јавниот и политичкиот живот, меѓу кои има и муслимани, а во која пишува јасно барање да бидат избришани одредени делови од текстот на Куранот за убиствата на христијаните и Евреите , бидејќи наводно се “сметаат за застарени”, пишува “Ал Џезира Балкан”

Далил Бубакеур, муфтија и ректор на Големата џамија во Париз, вели дека потпишувањето на оваа петиција е “неправедно и цинично судење на француските муслимани”, нагласувајќи дека тоа претставува “голема закана за верскиот соживот во оваа земја”.

Тој додаде дека француските муслимани не се само против оваа петиција, туку со децении го осудуваат антисемитизмот и расизмот од било кој вид, особено кога станува збор за муслиманите во овој регион.

Политичарите желни за медиумско внимание

Абдулах Зекри, претседател на Националната опсерваторија за исламофобија, изјави дека петицијата е “страшна и погубна”, повикувајќи ги оние што ја потпишаа петицијата да престанат да се “исмејувањето со исламот и муслиманите и да им се припишува зло”.

Тој додаде дека потписниците на оваа петиција биле “слаби политичари, желни за вниманието на медиумите, така да исламот и муслиманите им станаа жртвени јагниња во постигнувањето на таа цел”.

Имамот во Голема џамија во Париз Тарек Абро жестоко ја осуди изјавата дека “Куранот повикува на убиство”, велејќи дека сето тоа е “премногу насилно и апсурдно”.

Тој додал дека Куранот бил објавен на арапски јазик и дека сите оние кои ја потпишале петицијата го читале само неговиот превод, па дури и толкување.

Тој изјавил дека ова е представува недостаток на нивното верско образование.

Потписници Саркози, Ваукиес, Валс …

Тој додал дека секој свет текст во одредена мера ги содржи овие елементи, вклучувајќи го и Евангелието.

Францускиот весник Ле Парисиен, во неделата објави петиција потпишана од речиси 300 влијателни Французи, обвинувајќи ги муслиманите за “екстремизам” и барајќи да се направи ревизија на ајети од Чесниот Куран, велејќи дека има делови што “повикуваат на мачење на Евреите, христијаните и атеистите “.

Тие изјавија дека секој може да се повика тие делови и заради тоа да изврши злочин.

Потписниците на петицијата изразија надеж дека “Исламот во франција ќе го отвори овој пат“ барајќи со ова да се покрене борба против антисемитизмот пред да биде предоцна”.

Петицијата ја потпишале познати личности од политичкиот живот, оние што припаѓаат на левицата и десницата, вклучувајќи го и поранешниот претседател Никола Саркози, десничарскиот лидер Лорен Вукиек, поранешниот премиер Мануел Валс, како и познати уметници и интелектуалци и верски водачи, како и Чарлс Азнавур и Жерар Депардје.

Петицијата ја потпишале и некои муслимани

Петицијата била потпишана и од некои муслимани, меѓу кои е и еден од имамите од Нант, Мухамед Каруми, порано имам џамија во Сен Денис, Хасан Шалкуми и некои други имами,

Во својот коментар за започнувањето на петицијата, францускиот министер за правда, Никол Белоуте, истакнал дека “потребно е да се стори сé што е можно за да се избегне конфликт меѓу заедниците”, пренесува Ал Џезира Балканс.

Извор:




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ eight = 12