tramp-makron

Трамп на 12.мај ќе се повлече од нуклеарниот договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе излезе од нуклеарниот договор со Иран, кој во 2015 со Техеран го потпиша  т.н. шесторка (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) а својата одлука ќе ја објави на 12 мај, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера, по завршувањето на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека сака да ги привлече Русија, Турција и другите земји за нов договор за нуклеарната програма на Иран.

“Моето мислење, а јас не знам што ќе одлучи вашиот претседател, е дека тој еднострано ќе се повлече од тој договор од внатрешни причини”, изјави во средата францускиот шеф на прес-конференција по состанокот со Трамп.

Гледано назазад, Трамп постојано го критикуваше договорот со Иран, нарекувајќи го најлошиот договор што некогаш го потпишале САД. Тој беше потпишан во јули 2015 година. за време на администрацијата на Обама, а од светските сили, тогаш му се спротивставуваа само  Израел и Саудиска Арабија. Трамп ќе ја објави својата конечна одлука на 12 мај.

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе допатува во официјална посета на САД и во Вашингтон ќе преговара за ирански нуклеарен договор со американскиот претседател Трамп. Познато е дека Германија, Велика Британија, Франција и ЕУ во целина категорички се противат на промена на Договорот за нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека Макрон, по вчерашниот состанок со Трамп, сега ја олеснува француската позиција и се залага за промени во нејзините поединечни делови. Сепак, вчера Русија и Кина изразија силно противење на едностраните промени во содржината на овој меѓународен правен документ, а Иран предупреди дека веднаш ќе го напушти Договорот и ќе продолжи со развојот на својата нуклеарна програма. Исто така, важно е да се нагласи дека двата тековни клучни советници на Трамп – новиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, и за кој ден, новиот државен секретар и поранешен директор на ЦИА, Мајк Помпео, веќе долго време истапувале (и тоа сеуште го прават) против договорот со Иран , па затоа е тешко да се поверува дека Емануел Макрон во тој поглед не е во право, кога вели дека верува дека Трамп ќе се повлече од договорот.

По горенаведената изјава на Макрон, цените на нафтата скокнаа, со тенденција кон својот максимум од 2014 година. Едностраното повлекување на Трамп од нуклеарниот договор и наметнувањето нови санкции врз Иран може да доведе до тензии во клучниот регион за производство на нафта и несомнено ќе имаат ефект да го намалат снабдувањето на Иран со нафта на светскиот пазар. Во секој случај, ваквата одлука на Трамп ќе има далекусежни стратешки и геополитички последици во следниот среднорочен период и во многу неповолна положба ќе ги доведе клучните американски сојузници во Европската унија. Но, ајде да ја почекаме конечната одлука на Трамп.

Извор:Geopolitikanews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = six