хамнеи1

Хамнеи ги повика муслиманите на обединување во борба против САД

Највисокиот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика сите муслимански земји да се обединат против САД и другите “арогантни сили” и повтори дека Техеран никогаш нема да потклекне пред насилниците, објави државната телевизија.

“Иранскиот народ успешно се спротивставува на насилството на Америка и на другите арогантни сили и ќе продолжи да им се спротивставува. Сите муслимански земји треба да се обединат против Америка и други непријатели”, изјавил ајатолахот Хамнеи.

Хамнеи го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за неговата изјава во вторникот дека некои земји од Блискиот Исток “нема да траат ниту седум дена” без заштита од САД.

“Таквите изјави и забелешки за муслиманите се понижувачки (…) за жал, се води војна во нашиот регион меѓу муслиманските земји. Заостанатите влади на некои муслимански земји се борат против другите земји “, изјавил Хамнеи.

Иран и Саудиска Арабија се индиректно ангажирани во судирите на Блискиот Исток, во трка за доминација во регионот, од Ирак до Сирија и Либан до Јемен.

Извор:(ТБТ, агенции)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + five =