besiktas

Фудбалерите на Бешикташ, нема да се појават на прекинатиот натпревар од Турскиот куп

Бешикташ протестираше против одлуката на Турската фудбалска асоцијација (ТФФ) која претходно одлучи прекинатото истаnбулско на дерби помеѓу Фенербахче и Бешикташ да продолжи без навивачите од моментот кога бil прекинат заради нереди на навивачите, објави агенцијата Анадолу (АА).

Од Бешикташ соопштија дека нивниот тим нема да се појави на натпреварот против Фенербахче.

Освен што автоматски ќе им биде запишан пораз, Бешикташ заради таквата постапка повеќекратно ќе биде санкциониран.

Следната сезона, клубот нема да може да игра во Турскиот Куп и нема да има право распределба на профитот остварен од комерцијалните права во рамките на Купот.

Потсетуваме дека Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ) на 25 април одлучи прекинатото истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ да се продолжи без навивачи од моментот кога беше прекинат заради нередите на навивачите.

По двочасовниот состанок, ТФФ одлучи да го продолжи враќањето на полуфиналето на Турскиот куп, кое беше прекинато на 19-ти април во 57-тата минута.

Продолжувањето на дербито во Истанбул беше најавено за 3 мај.

По резултатот од 2: 2 во првиот натпревар во Водафон Парк, Фенербахче минатиот четврток во возвратен натпревар ја угости екипата на Бешикташ стадионот “Сукру Сарачоглу”. Натпреварот во 57 минута беше прекинат заради нереди, при резултат 0: 0.

Судијата Мете Калкаван одлучи да го запре натпреварот откако навивачите на Фенербахче со тврд предмет вго погодија главниот то глава го погодија тренерот на Бешикташ Шенол Ѓунеш.

Ѓунеш беше повреден, заради што во соблекувалната му билес поставени пет копци на главата, а после тоа префрлен во болницата, каде што ја поминал ноќта.

Извор: Фактор / Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − = one