kim_twitter

Голем чин/ Лидерите на Северна и Јужна Кореја договорија ново поглавје: Нема повеќе војна

Со средбата на лидерите на Северна Кореја Ким Јонг-и и јужнокорејскиот претседател Мун Џае -ин денес на границата меѓу двете Кореи, започна историскиот самит на двете земји, прв после десет години.

Ким Јонг-Ун во петокот стана првиот лидер на Северна Кореја кој зачекори на Јужна Кореја преминувајќи ја воената линија која го дели полуостровот од крајот на Корејската војна во 1953 година.

На местото на состанокот Ким и Мун пристигнаа одвоено придружувани од нивните соработници и обезбедување, а после честитањето , пешачејќчи преку црвениот тепих се упатиле на плоштадот во селото Панмунњон, опкружени со почесна гарда.

“Се надевам дека граѓаните на двете земји ќе уживаат мир и развој на Корејскиот полуостров без страв од војната”, рекол Ким Јонг-ун.

Ким Јонг-Ун не зборувал за денуклеаризација по потпишувањето на Заедничката декларација, но вели дека двете страни ја потпишале заедничката цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со нивниот потпис, го пренесува СНН кој овој историски состанок го следи од минута во минута.

“Јужна и Северна Кореја имаат заеднички став за многу важни и пресудни мерки што Северна Кореја ги започна во поглед на денуклеаризацијата. Договорено е двете земји во таа смисла да ги извршат превземените улоги и одговорности.

Двете земји се согласија активно да побараат подршка и соработка на меѓународната заедница за денуклеаризација на Корејскиот полуостров “, се наведува во соопштението.

Стоејќи покрај Мун во подножјето на Куќата на мирот, Ким им се обратил на меѓународните медиуми. Тој изјави дека народите на двете држави отсекогаш биле обединети, дека треба да работат и за обединување на државите. “Ние не сме луѓе кои треба да се спротивставуваат, треба да живееме во единство”, изјавил Ким, додавајќи: “Долго го чекавме овој момент, сите ние“.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 8