Сергеј Лавров, Мевлут Чавушоглу и Мохамед Џавад Зариф се состанале како би разговорале околу можниот исход од војната која ја опустоши Сирија повеќе од седум години. Русија, Иран и неодамна и Турција одиграа значајни улоги преку маргинализирање на западните партнери кои се обидоа да го искористат овој конфликт за нивните долгорочни интереси а на штета на сирискиот народ.

 

 

По билатералните и трилатералните разговори, тројца министри го демонстрираа своето единство и ја истакнаа важноста на мировниот процес од Астана. “За политички дијалог, Астана направи повеќе од другите преговарачки процеси”, изјавил Сергеј Лавров, уверувајќи дека “договорот е цврсто стои на нозе”, благодарение на “единствената соработка” меѓу трите земји.

“Оние кои го критикуваа договорот во Астана веројатно имаат свои сопствени цели, слини како што се обидот да им покажат на сите како одлучуваат за сè во светот, но тоа време помина”, додал Лавров.

Последниот самит меѓу трите земји датира од почетокот на април во Анкара. Претседателите Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани ветија дека ќе соработуваат со цел да се постигне “траен прекин на огнот” во Сирија.

Западните медиуми упорно се обидуваат да внјесат раздор меѓу Русија, Иран и Турција, тврдејќи дека Турција ги поздрави воздушните напади во Сирија заради наводните хемиски напади врз цивилното население. Со медиумско фаворизирање на одредени калкулирачки изјави Н атурција, се врши обид на замаглување на актуелните партнерски односи на овие три земји, кои сериозно размиослуваат и работаат на воспоставување на мир во Сирија.

Пред состанокот, руската дипломатија посочи дека разговорите ќе се фокусираат на хуманитарната ситуација. “Помошта на сирискиот народ не треба да биде условена од политичката цел”, изјавила портпаролката Марија Захарова. Во врска со ова, Сергеј Лавров ги повика сириските власти да бидат “пофлексибилни” и овозможат пристап во Дума на хуманитарните конвои на ОН, кои ги блокира  Дамаск.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, инсистираше на тоа дека “Русија и Иран вршат притисок врз Дамаск да го заземат место на масата за преговарање под покровителство на Обединетите нации”. Знаејќи како во последно време функционираат Обединетите нации, може да се каже дека во овој случај станува збор само за “желби” на шефот на европската дипломатија, кои ќе мора да чекаат во ред, пред договорот меѓу Сирија, Русија, Иран и Турција.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име