svajcarska vojska

Неутрална Швајцарија во Студената војна соработувала со НАТО сојузот

И покрај нејзината неутралност, Швајцарија за време на Студената војна блиско соработувала со Велика Британија, членка на НАТО а имала и тајна воена единица, покажува долгоочекуваниот извештај за единицата П-26, кој беше објавен после 27 години откако бил напишан, објави ББС.

Извештајот, сепак, на некои ги разочара бидејќи недостигаат важните детали на чие избирање значително интервенирала швајцарската влада, тврди британскиот медиумски сревис.

Швајцарската воена единица, П-26, од 400 членови, имала задача да “биде во позадина” и да се спротивстави на можна советска инвазија, се наведува во извештајот на швајцарскиот судија Пјер Корни, кој и го напишал.

Кога за единицата П-26 се дозна во 1991 година, која беше формирана во 1979 година, ограничените информации за тоа укажувале дека нејзините службеници тесно соработувале со одреден број земји-членки на НАТО.

Посебна загриженост беше предизвикана од страна на гласините – сега потврдени со делумното објавување на извештајот – дека П-26 имала многу блиски врски со британските безбедносни служби, вклучувајќи ги и големите МИ5 и МИ6.

Швајцарската единица, според Би-Би-Си, повикувајќи се на извештајот, редовно патувала во Британија, каде што нејзините членови, каде нејзините припадници често користеле лажни документи за идентификација, биле обучувани за герилска војна, вклучително и техники на саботажа.

Во една од вежбите, учесниците биле обучувани да ја кренат во воздух рафинеријата за нафта додека некои од нив биле биле обучувани да скокаат од хелиокоптер во воздух на подморница која се појави на површината на водата.

Освен тоа, постоеле и планови да П-26 да го префрли својот команден центар во Велика Британија, во случај Швајцарија да биде нападната, а опремата за преместување била чувана е на безбедно во Швајцарската амбасада во Лондон.

Најконтроверзен е податокот дека “П-26″ го купила системот за шифрирана комуникација познат како “Харпун”, каков што користеле воените единици “од позадина” низ земјите-членки на НАТО.

Неутрална Швајцарија, по се, се подготвувала за соработка со НАТО во случај на војна во Европа, објави ББС.

Меѓутоа, британската медиумска служба забележува дека постоењето на швајцарска “позадинска” единица само по себе не треба да биде контроверзна бидејќи, како што се тврди, Швајцарија имала слични планови да се спротивстави на германската инвазија за време на Втората светска војна, и тоа со бункери во швајцарските Алпи.

Сепак, “П-26″ предизвика контроверзии бидејќи нејзиното постоење било чувано во тајност.

Имено, швајцарскиот парламент, кој требаше да има контрола над сите воени трошоци, не бил информиран кога оваа единица била формирана во 1979 година, па дури и седумчлената швајцарска влада добила само површни детали за тоа.

И додека избраните швајцарски политичари и даночни обврзници беа “држани во мрак” кога станува збор за единицата П-26, британските безбедносни служби, кои редовно доаѓале во Швајцарија за да ги проценат способностите на тајната единица, знаеле секој, и најмалиот детаљ .

Некои велат дека соработката со Велика Британија, членка на НАТО, ја компромитира строгата неутралност на Швајцарија, додека владата и парламентот биле заобиколени, како и гласачите кои, во согласност со швајцарскиот систем на директна демократија, треба да го имаат последниот збор за важни политички одлуки.

За сега, швајцарските гласачи и даночни обврзници мора да се стрпат околу деталите на извештаите – за имињата и локациите – бидејќи интегралниот извештај не може да се објави до 2041 година, заради 50-годишното тајно правило, заклучува Би-Би-Си.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = ten