Изградбата на подводниот дел од првиот крак на гасоводот Турски тек е завршено  во близина на турското крајбрежје на Црното Море, јави руската компанија Газпром.

Од почетокот на изградбата на гасовод минатата година, цевките се поставени во должина од 1.161 километри, соопшти компанијата, која планира да ја заврши изградбата на гасоводот во 2019 година, објави агенцијата Ројтерс.

Просечната брзина на изградбата на подводниот дел од гасоводот, на кој работеше специјален брод за поставување на цевки во длабокото море “Пионирски дух”, изнесуваше 4,3 километри дневно, објави “Газпром”, според руската агенција Тас.

Максималната ефикасност од 5,6 километри дневно беше постигната два пати во февруари, пишува News.rs.

Вториот гасовод ќе биде поставен во третиот квартал од 2018 година, според соопштението на Гаспром.

Првата линија на гасоводот Турски тек ќе снабдува гас само со Турција, додека другата ќе служи за испорака на руски гас во Јужна и Југоисточна Европа.

Секој гасовод ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, а вкупната вредност на проектот се проценува на 11,4 милијарди евра.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here