HAMNEI

ХАМНЕИ: САД сака да предизвика судир на Иран и С.Арабија, муслиманите да се борат против муслимани

Највисокиот лидер на Иран, Али Хамнеи, денеска го критикуваше американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој беше во посета на Ријад.

Хамнеи тврди дека САД сакаат да предизвикаат регионална криза, повикувајќи ја Саудиска Арабија да се судри со Техеран, објави Ројтерс.

Али Хамнеи го повтори повикот до САД да го напушти Блискиот Исток, истакнувајќи дека “секоја сила што ќе го предизвикува Иран ќе биде поразена”.

“Еден начините да се провоцира Иран е да се користат неискусни лидери во регионот, тие се обидуваат да го предизвикаат конфликтот меѓу Иран и Саудиска Арабија, муслиманите да се борат против муслиманите”, рекол Хамнеј.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 4 = thirty six