Saudijska-vojska-940x560

Идејата за испраќање на арапски контигент во Сирија пропадна во неколку денови

Белата куќа дојде до многу интересна идеја, да ја напушти Сирија и во исто време таму да “остане” , распоредувајќи на северот на земјата арапскиот контингент во воените бази на Американците, првенствено од Саудиска Арабија.  Останатите сили требаше да бидат испратени од Обединетите Арапски Емирати, Катар и Египет.

“Трамп излезе со идејата на арабизација на една од најкрвавите војни во тек во духот на тажното сеќавање на Виетнам”, пишува Дмитри Минин за руското издание на порталот Фонд за стратешка култура.

Овој план, очигледно, се појави за време на тринеделниот престој во Соединетите Држави на министерот за одбрана и на принцот од Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман на 17 април истото го изјави и министерот за надворешни работи на Саудиска Адел ал Џубеир, на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутеррес.

По ракетниот напад врз Сирија портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека претседателот Доналд Трамп сé уште сака да ги врати американските трупи од Сирија и наместо нив да распореди саудискиот контингент, поддржан од Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и во медиумите, можноста за испраќање египетски трупи.

Сепак, улогата на овие три земји во однос на Саудијците би била само секундарна. Освен тоа, било разговарано и за тоа како владите на монархијата во Заливот треба да одвојат пари за реконструкција на уништената северна Сирија. Пресметката, очигледно, не се базирала само на воената сила, туку и на “купувањето” на локалното население.

Но, овој план забрзо наиде на непремостливи пречки. Катар одби да учествува во оваа операција, а за кратко и од новинските записи “исчезна“ и Египет. Обединетите Арапски Емирати официјално не го отфрлија а ниту потврдија учеството, но извори запознаени со властите во Абу Даби пренесоа дека Обединетите Арапски Емирати не се склони кон ваков вид воена авантура.

Неверојатно е дека Американците не можат подобро да ја проверат подготвеноста за таква ротација од страна на сириската влада, нејзините сојузници на Курдите, а особено Турција, Русија и Иран. Очигледно е дека, па дури и со повлекување од Сирија, САД сé уште веруваат во својата “ексклузивност”.

Се разбира, идејата за замена на американските трупи со Арапите е осудена од многу причини. Дамаск силно ќе се спротивстави на предложеното преземање на суверена сириска територија од страна на силите на “братските арапски земји”. Резултатот од спроведувањето на оваа иницијатива само ќе предизвика конфликт и ќе ја зголеми регионалната тензија.

Иако е опремен со модерно американско оружје, Саудијците не можат да бидат достоен противник на сека добро прекалената и вооружена сириската армија и нејзините сојузници. Саудиската армија се “докажа” во војната во Јемен, каде што баталјонот на борците Хути предизвика еден пораз по друг. Намерата на Ријад да започне “одлучувачка битка” во странска земја против Иран нема да се реализира. Имајќи го пријателскиот Ирак зад себе, Техеран е во голема предност.

Значајно е дека, со исклучок на Израел, идејата за доаѓањето на саудиската армија во Сирија наместо американскиот не беше добредојдена од ниту еден од нејзините соседи. Ирак категорично се спротивставил на тоа, бидејќи не сака да се соочи со можната појава на шиитски-сунитски конфликт на нејзините граници.

На Саудијците не и треба дури и на Турција, бидејќи тие ќе го поткопаат влијанието на Анкара во северна Сирија, која ја контролира турската армија и нивната приврзаници на теренот.

Доволно е да се каже дека Турција надгледува околу 30.000 борци од неодамна ослободената Источна Гута. Турците имаат доволно причини да се загрижат дека Саудиска Арабија ќе ги искористи овие и другите групи за да ја утврди својата доминација над територијата што ја држат про-турските сили.

Против влезот на Саудиска Арабија во Сирија е и Либан, кој не сака конфликтот меѓу сунитите и шиитите да се прелее на нивната територија.

Египет критички го оцени овој предлог и целосно го исклучи своето учество во спроведувањето на идејата на Трамп и Мохамад бин Салман. Еден од познатите лидери на египетската разузнувачка служба Мохаммед Рашад , за кратко излезе со остар говор. Според него, египетските вооружени сили не се платеници и не можат да се “позајмуваат или распоредуваат некаде по налог на странските влади”.

“За Египет тоа е неприфатливо и нека никој не се осмелува да ја нарачува нашата војска“,рекол Мохамад Рашад.

Оваа изјава е индиректен одговор на директната адреса на Џон Болтон, новиот американски државен секретар за национална безбедност, од страна на Абас Мустафи, шеф на разузнавачката служба на Египет, кога тој го повика Каиро да учествува во овој проект.

Саудијците немаат ништо помалку проблеми на територијата каде што треба да бидат распоредени. Курдите од сириските демократски сили, кои ја контролираат областа со помош на Американците, сигурно нема да бидат среќни за доаѓањето на саудиската армија. Впрочем, Курдите треба да се откажат од контролата над локалното арапско население и да ги предадат тие села и области во арапскиот контингент.

САД свесно промовираат такво сценарио, покрај арабизацијата, исто така ќе спроведат и протерување на Курдите од северна Сирија, но со туѓи борци. Со би се нприкажале дека не ги предале Курдите и дека сакаат да ги смират арапските национални чувства. Во исто време, враќањето на Курдите во границите на полињата на двата преостанати кантони на Вашингтон ќе ги олесни несогласувањата со Турците.

Но, Курдите не би биле пасивни набљудувачи во оваа ситуација. Тие попрво би ги окупирале напуштените американски бази и нема да дозволат арапскиот контингент предводен од Саудијците да го сторат тоа.

Не е исклучено дека во сегашната ситуација, најинтелигентното решение за курдското национално прашање е сојузот со Дамаск. Дамаск е подготвен да ги прошири своите права на курдското малцинство во секој случај. Ако Курдите тоа не го користат сега, тешко повторно ќе добијат нова таква можност.

Сè уште овде зборуваме за регионалните актери, меѓутоа за Ријад кобен ќе биде директениот конфликт со Русија. Според официјалната верзија, саудиските сили би требало да одат на север од Сирија за да се борат против “Исламската држава”.

Дури и ако саудиската армија спроведува ригорозен избор меѓу војниците, не треба да се потцени способноста на ИСИЛ да ги индоктринира своите племенските браќа.

Може да се случи непосредниот контакт на саудискиот контингент со терористите на ИСИЛ, конечно ќе доведе до зајакнување на влијанието на “Исламската држава” во Саудиска Арабија. Во земјите на Персискиот залив започнаа да циркулираат гласини  дека би било подобро подобро да се вработат суданци, пакистанци или дури и некои сиромашни народи за таа операција. Но, неодамнешното искуство во Јемен покажа дека суданските борци се многу лоши во директен конфликт, а Пакистан буквално го понижуваше Ријад кога саудискиот министер Адел Ал Џубеир го објави создавањето на исламската антитерористичка коалиција и го спомена Пакистан. Официјалниот Исламабад потоа одговорил: “дека нема поим за што станува збор и дека за тоа слушнале од медиумите”.

Новиот план за спасување на американското лице на Блискиот Исток е неопходно како и сите претходни обиди за реорганизација на овој регион.

Малку е веројатно дека овој магичен план ќе се спроведе, особено поради тоа што странската арабизација на северна Сирија нема да даде подобри резултати од претходните планови во Вашингтон. За жал, овие и слични предлози за научна фантастика ќе бидат слушнати додека Белата куќа конечно не разбере дека мора да дејствува во согласност со ставовите на сите значајни актери во Сирија, пред сè, Дамаск. Од друга страна, по поразот на групата Јаиш ал-ислам, Саудиска Арабија, ако не ја сметаме тајната поддршка на “калифат” и фронт Ал-Нусра, остана без единствената големата вооружена фракција на кои можеше да смета. Без можност за контролирање на одредени групи на теренот, Риад стана безначаен актер во сириската криза, а обидот да се врати во играта не успеа пред да започнат конкретни преговори за неговото спроведување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × 2 =