netanjahu

Премиерот на Израел добил овластувања за објавување и на војна

Израелскиот парламент Кнесет вчера усвои закон кој му овозможува на премиерот да објави војна во екстремни ситуации, пренесуваат домашните медиуми.

Како пишува весникот “Хаарец”, на израелскиот премиер ќе му треба само одобрение од министерот за одбрана.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот го предложи законот, меѓутоа истиот билк отфрлен од  комитетите за надворешни работи, одбрана, устав и правда. И покрај тоа, Кнесет на пленарнра седница го изгласа законот.Пред гласањето, Нетанјаху рече дека израелската разузнавачка служба имала тајни информации за иранската нуклеарна програма.

Нетанјаху изјавил дека израелската разузнавачка служба дошла до 55.000 страници документи кои докажуваат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје.

- Иран не беше искрен кога изјави дека нема воена нуклеарна програма. Околу 100.000 тајни датотеки докажуваат дека лажат – изјави Нетанјаху.

Обраќањето на Нетанјаху кон јавноста уследило по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Израел го смета Иран за најголема закана за својата национална безбедност.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = four