Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварената официјална посета на Узбекистан замина во посета на Јужна Кореја каде што беше дочекан со официјална церемонија од страна на јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин.

Во салата каде што беше одржана официјалната церемонија на дочек во претседателската палата позната како „Син дом“ претседателот Ердоган и неговиот јужнокорејски колега Мун Јае-ин остварија средба лице в лице која што траеше приближно еден час.

Двајцата лидери потоа претседаваа на меѓуделегациските разговори и говореа во делот од разговорите отворен за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го започна со зборовите: „Господине претседателе пред се многу ви благодарам за гостопримството кое што го покажавте уште од моментот на нашето доаѓање овде.“

Ердоган истакна дека минатонеделната средба помеѓу лидерите на Северна Кореја и Јужна Кореја беше средба со која беа надминати стравовите.

Велејќи дека пред се лично во свое име и во име на турскиот народ им честита на Северна Кореја и Јужна Кореја по повод остварената средба која што ќе има мошне сериозен придонес за светскиот мир, претседателот Ердоган рече: „Впрочем оваа средба беше средба со која беа надминати стравовите и грижите кои што постоеја во светот. Ви честитам поради тоа што успеавте успешно да го реализирате тоа. Се надеваме дека оваа одлучност ќе продолжи на ист начин и во иднина.“ ÐŸÑ€ÐµÑ‚седателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна Кореја

Ердоган укажа на тоа дека доколку Северна Кореја особено овој процес го продолжи со разговори и со други земји тоа ќе стане повод за одржување на уште попозитивни средби, по што го додаде следното: „Ние како Турција сме спремни да го направиме она што ни претстои нам по ова прашање.“

Нагласувајќи дека Јужна Кореја и Турција располагаат со трговски обем во износ од приближно 7,5 милијарди долари, но дека тоа не се смета за доволно, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние посакуваме тоа да достигне до многу понапредна фаза. Како поради потенцијалот на населението и на двете земји, така и како земји кои се членки на Г-20 јас сметам дека овој обем треба да се зголеми. Моментално кога ќе погледнеме кон вкупниот број на население на Турција и на Јужна Кореја располагаме со 132 милиони жители. 132 милиони… Навистина овој трговски обем за еден ваков потенцијал на население е многу низок. Зошто да не се достигне до 10-15 милијарди долари? Има многу работи кои што би можеле да ги направиме заеднички во сферите на напредната технологија, а особено на чело со одбранбената индустрија.“

Потоа претседателот Ердоган го посети Националниот парламент на Јужна Кореја и во рамките на своите официјални средби и разговори во претседателската палата учествуваше на свечената вечера која што беше приредена во негова чест од страна на неговиот јужнокорејски колега Мун.

Претседателот Ердоган на вечерата беше придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган, а домаќинот претседателот на Јужна Кореја Мун јае-ин од страна на неговата сопруга Ким Јунг-сук.

На вечерата воедно учествуваше и малото девојче Ким Сеол кое глумеше во филмот „Ајла“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна КорејаПретседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Јужна Кореја

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име