jevreji_festival_london

В.Британија: Експлозија на еврејски фестивал во Лондон, има повредени

Десетина лица биле повредени во експлозијата на еврејскиот фестивал во Лондон, јави Би-Би-Си.

Експлозијата се случила синоќа на еврејскиот фестивал Лаг Баомер, каде како обичај при прославувањето се пали оган на отворено.

Во еден момент, по палењето на огнот, нешто експлодирало, а луѓето започнале да врескаат и да трчаат еден кон друг.

Итната помош примила 30 лица, од кои 10 беа префрлени во болница со изгореници на лицата.

Според уште непотврдени извештаи,  до експлозијата заради долевање на гориво на огнот  или мобилните телефони кои биле фрлени во огнот.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − six =