Владејачката партија во Турција АКП и официјално го номинираше актуелниот лидер на таа земја, Реџеп Тајип Ердоган, за претстојните претседателски избори.

Сите 316 членови на парламентарната група на АКП гласаа за Ердоган како кандидат за претседател на Република Турција.

Турските претседателски и парламентарни избори се закажани за 24-ти јуни, откако Ердоган повика на предвремени избори една година претходно, велејќи дека Турција треба да се пресели од парламентарниот систем во извршно претседателство.

Малку пред една година во Турција се одржа референдум за претседателскиот систем во Турција, давајќи му на претседателот моќ да назначува потпретседатели, министри, високи функционери и судии и да има моќ да го распушти парламентот, да издаде декрети и да прогласи вонредна состојба во Турција .

Извор:Klix

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here