zarif

Иран повторно нема да преговара за нуклеарниот договор

Иранскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека се неприфатливи повиците и барањата од американскиот претседател Доналд Трамп за промена на договорот за нуклеарната програма на Иран и светските сили, пренесе Ројтерс.Трумп изјави дека ако европските сојузници не успеат да ги исправат “ужасните неуспеси во договорот”, тој повторно да воведе санкции против Иран.

- Иран нема повторно да преговара за она што беше договорено пред неколку години и спроведено - изјавил министерот Мохамед Џавад Зариф.

Европските потписници на договорот ќе се обидат да го убедат Трамп да го зачува договорот. Тие тврдат дека Иран го почитува договорот.

Зариф, во пораката објавена на веб-страницата на Јутјуб, изјавил дека САД “постојано ја прекршуваат нуклеарната спогодба, особено спречувајќи други да соработуваат со Иран”.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 3 = four