Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја денес ќе била меѓу првите 10 економии во светот доколку после Втората светска војна забележашуваше напредок како во последниве години, објави агенцијата Анадолу.

– о последниве 16 години , денес ќе беше една од десет-те најголеми светски економии. Сега сме 17-та најголема економија во светот, и бевме рангирани на 24-то место. Ова не е доволно, и затоа ќе влеземе во првите десет економии во светот “, изјавил Ердоган во своето обраќање на отворањето на познатиот египетски пазар (Мисир Чаршија) во Истанбул.

Тој потсети дека неодамна ја посети Јужна Кореја, истакнувајќи дека земјата по Втората светска војна разви стратегија за развој и напредок, што, како што рече, може да биде многу добар пример за другите.

Тој додал дека бил фасциниран како во таа земја од најситните детали развиле  планови од индустријализација до самата урбанизација.

Тој изрази надеж дека Турција ќе продолжи со економскиот напредок кој го бележи последниве години.

Се надевам дека оваа година Турција ќе ја посетат рекордни 40 милиони туристи. Верувам дека во другите гранки на економијата ќе продолжиме да ги реализираме поставените цели – истакнал Ердоган.

Мисир Чаршијата, после  “Grand Bazar” е најголемиот покриен пазар во Истанбул кој се наоѓа во делот на градот Еминон, недалеку од железничката станица Сиркеџи.

Пазарот е изграден во 1660 година по наредбата на Султан Турхан, мајката на Султан Мехмед IV, на местото на стариот венецијански пазар.

Извор: АА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име