amerikanski-avion

Американските пилоти се жалаат дека кинеската војска од Џибути ги “напаѓа со ласери“

Министерството за одбрана на САД издаде соопштение дека нивните пилоти од базата во Џибути се здобиле со повреди од воен ласер кој таму бил распореден од кинеската армија.

Во изјавата дадена од портпаролката на Пентагон, Шерил Клинкел, до Си-Ен-Ен, се вели дека во еден случај, два американски пилоти на авионот од тип Ц-130 претрпеле помали повреди на очите кога слетувале на пистата од нивната база во Џибути.

Ова се многу сериозни инциденти и претставуваат вистинска закана за пилотите, изјавила портпаролката на Белата куќа, Дана Вајт, која додаде дека Белата куќа поднесе официјална дипломатска тужба и побара од Пекинг да испита серија инциденти кои беа објавени во текот на изминатите недели .

Дана Вајт истакна дека американските власти се сигурни дека кинеската војска намерно упатила моќни ласери на американските пилоти.

Официјалниот претставник на Пентагон за Си-Ен-Ен изјави дека Вашингтон верува оти Пекинг користи слични ласери за да се меша со американските авиони во спорните води на Јужното Кинеско Море.

djibouti dzibutiФОТО: Мапа на Џибути

Минатиот петок, американската војска објави дека ласерските зраци се емитуваат од море од 750 метри од кинеската воена база во Џибути и затоа ги предупредија своите пилоти да ги држат своите авиони далеку од критичните координати.

Кина ја отвори својата прва воена база во Џибути во јули 2017 година, неколку километри северозападно од американската воена база “Камп Лимониер”, која распореди 4.000 американски војници.

Вашингтон истовремено го обвини Пекинг за изградба и тестирање на ласерско оружје, кое со своите пореметувања станало сé поголема закана за САД.

Од Кина се вели дека нејзините технолошки достигнувања во областа на ласерската технологија се насочени исклучиво за мирно користење.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг, изјавила дека обвинувањата во САД биле “целосно неспоиви со фактите”.

“Потсетете ги луѓето во САД дека треба да обрнат внимание на факти, а не на неоправдани обвинувања”, изјавила Хуа Чунинг.

Сепак, американските официјални претставници неодамна изразија загриженост во врска со растечкото влијание на Кина во Џибути, велејќи дека азискиот гигант “ја изгради својата прва воена база таму и има блиски економски врски со таа земја”.Kina je spremna

Џибути во голема мера се потпира на инвестицискиот капитал на кинеската влада, а двете земји имаат тесни дипломатски врски.

Кон крајот на февруари, американските власти изразија загриженост во врска со планот на владата во Џибути за Кина да го предаде главното трговско пристаниште во земјата. Претходно, властите на земјата го откажаа претходниот договор за операторот и го зазедоа пристаништето.

Пентагон и властите во Вашингтон се внимателно претпазливи бидејќи го сметаат Џибути за нивна ексклузивна зона на влијание.

Но, сега пристаништето, кое се наоѓа веднаш до кинеската воена база, клучна логистичка точка за американските, француските, италијанските и јапонските бази во Џибути, може да влезе во рацете на кинеските инвеститори.

Првата поморска база во Африка била изградена од Кина во Џибути, а започнала работа на кинеската воена база на територијата на пакистанското пристаниште Гвадар. Модернизацијата на аеродромот Џивани во Пакистан веќе е во тек, што значи дека кинеската армија сака да биде присутна во стратешките точки на планетата.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + three =