erdogan-miting

ЕРДОГАН: Нема повеќе поделби, време е за единство

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во турскиот град Кајсери изјави дека цели четириесет години не успеале да го спречат, заедно со народот, да зачекорат на патот на правдата како и дека, исто така нема да успеат дури и на изборите на 24-ти јуни.

Ердоган денеска им се обрати на собраните граѓани на конгресот на Партијата за правда и развој (АК) во Кајсери, осврнувајќи се на претстојните претседателски и парламентарни избори што ќе се одржат во Турција на 24-ти јуни.

Доаѓаме пред луѓето со она што сме го направиле. Не знам со што опозиција ќе се појави пред народот? рекол Ердоган, додавајќи:

- На Ердоган во изминатите 40 години не успеаа да го спречат да зачекори по патот на правдата, заедно со народот, и нема да успее ниту на изборите на 24-ти јуни.

Говорејќи за борбата против тероризмот, Ердоган откри дека од почетокот на операцијата “Малиново гранче”, досега се неутрализирани 4 406 терористи.

- Пред луѓето излеговме со коалицијата што ја формиравме со МХП, поддржана и од ББП. Се обединивме по пат на “Националната алијанса”, бидејќи на умметот му е потребно, тоа што го правиме. Нема повеќе поделби, противеења, време за единство, рекол Ердоган.

Извор:Faktor/AA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 8 = one