он

Кувајт го блокираше предлогот на САД пред Советот за безбедност на ОН

Кувајт го блокираше предлогот на САД во Советот за безбедност на ОН

 

 

 

Кувајт го блокираше објавувањето на соопштението на Советот за безбедност на ОН кое го предложија САД.

Во тоа соопштение остро се критикува палестинскиот претседател Махмуд Абас за неговите “лоши антисемитски клевети и неоснован теории на заговор”.

Кувајт е арапски претставник во СБ кој брои 15 членови, а двајца неименувани дипломати соопштија дека се противат на ова соопштение, бидејќи тоа не е сеопфатно.

Во петокот Абас се извини за своите изјави во говорот што се одржа во понеделникот на собранието на парламентот на Ослободителната организација на Палестина, која како антисемитска беше осудена од страна на Израел, САД, ОН и ЕУ.

Во долгиот говор тој изјавил дека општествената улога на Евреите, вклучувајќи го позајмувањето пари, а не религијата, предизвикала анимозитет кон нив во Европа.

Абас го опиша создавањето на Израел како колонијален проект.

“Историјата ни зборува дека немало основа за еврејска татковина”, изјавил палестинскиот лидер.

Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли, остро го критикуваше пропустот на Советот за безбедност да одговори на овие изјави.

“Одвратните антисемитски изјави на палестинското раководство јасно ги поткопуваат изгледите за мир на Блискиот Исток”, рекла Хејли во изјавата, додавајќи дека “кога Советот за безбедност не може да постигне консензус во врска со осудата на ваквите дејства, само уште повеќе ги поткопува веродостојни кредибилитети на ОН”.

Со предложеното соопштение до кое дошла АП, Абас ќе биде повикан да “се воздржи од антисемитски изјави”.

Предлогот изразува “цврсто и недвосмислено одбивање на антисемитизмот и негирање на Холокаустот”.

Исто така, се потсетува дека “антисемитизмот историски придонесе за заканите за меѓународниот мир и безбедност, за масовните злосторства и за широко распространетите повреди на човековите права”.

Соопштението се делело вчера, кога илјадници Палестинци протестираа на границата на појасот Газа и Израел во шестиот петок против израелската и египетската блокада која трае повеќе од една деценија и правото да се вратат палестинските бегалци на сегашната израелска територија, која е окупирана од израелскиот режим.

Од 30-ти март, кога почнаа демонстрациите, 40 Палестинци биле убиени, а повеќе од 1.700 беа ранети од боева муниција.

Хејли минатата недела го обвини  Хамас кој управува со Газа за да ги користи жените и децата како човечки штит, но не ги спомнува убиствата и ранувањата на Палестинците од страна на израелскиот оган.

Палестинскиот амбасадор во Обединетите нации, Ријад Мансур, во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека повеќе жртви во последните протести го интензивираат “чувството на очај и бес” поради “безмилосната окупација”.

Тој рече дека тензиите продолжуваат да растат и дека хуманитарните и безбедносните услови се влошуваат и дека меѓународната заедница мора да дејствува без одлагање.

Извор:(Б92)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 1