1

Ликвидација на Палестинскиот инжинер: Убијците во Малезија користеле лажни српски пасоши

Малезиската полиција соопшти дека убијците на палестинскиот инженер Фади ал-Батша користеле лажни пасоши од Србија и Црна Гора за да влезат во Малезија.

Мухамед Фузи Харун, шеф на Одделот за специјални намени на малезиската полиција, изјавил дека се пронајдени автомобил и пиштол кои биле користени во убиството на инжинерот Батша, пренесуваат израелските медиуми.

Странските медиуми објавија дека инженерот го убиле агенти на Мосад.

Пиштолот за кој се верува дека биле користени од убијците бил испратен во форензичка лабораторија за понатамошна анализа.

Двајца мажи на моторот истрелале најмалку 14 куршуми во инженерот, предавач на еден британски малезиски универзитет, во близина на зградата каде што живеел, убивајќи го на самото место.

Полицијата соопшти дека го лоцирал автомобилот со кој убијците избегале, а сопствениците на автомобилот биле пронајдени.

Моторот бил пронајден порано во близина на местото на нападот.

Њујорк тајмс минатиот месец објави дека инженерот Ал-Батша бил вклучен во преговорите за купување оружје од Северна Кореја наменето за Појасот Газа.

Тој беше убиен во наводната операција Мосад за да ги лиши од живот научниците  и инженери припадници на Хамас, кои стекнуваат знаење во странство за оружје за борба против Израел.

Хамас, палестинска организација која управува со појасот Газа, призна дека убиениот инженер бил нивни член.

Тој беше погребан минатата недела на таа палестинска територија, и покрај обидите на Израел да го спречи трансферот на телото.

На погребот присуствувал лидерот на Хамас Исмаил Ханија.

“Крвта на паднатите представува гориво на патот кон победата на палестинскиот народ”, рекол Ханије, изјавувајќи дека “валканите раце на убиецот ќе бидат отсечени”.

Извор: Б92




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × = 49