nisani

РЕЏЕПИ: Нека Аллах не спои со оние кои ги сакаме

Еден летен ден, пред 17 години,после пладне намаз, се загледав во нишаните покрај џамијата.. После сите овие векови, останаа само нишаните на гробовите (мезари) на скопската улема покрај џамијата. Многу стари гробови каде обичните луѓе беа погребувани повеќе ги нема, ниту еден нишан.

Помислив: А на кое место Аллах одреди да биде мојот гроб? Дали покрај скопските алими во дворот на некоја џамија? Дали на некоја росна ливада на среде густа шума на незнаена планина? Дали во море или пустина? Или како и сите други кај градските гробишта, а тоа не би го сакал.

А, што има тука, да сакаш или не сакаш? – си одговорив самиот себе си.Не е важно која земја телото ќе ти го прими, дали цветовите или снегот јорган ќе ти бидат, ќе те посетува (зијарети) ли некој после смртта, туку во кое друштво душата ќе ти ужива.

Па, така го замолив Господарот на световите за убав крај на овој свет и за близина и друштво со Неговиот Пратеник и асхабите на идниот свет…нека Аллах нё спои со оние кои ги сакаме. Амин!

Пишува: Јасмин Реџеп

Извор:фејсбук




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = four