Во организација на Фондацијата „Бугарска памет“ на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село денеска ќе се одбележи „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

На настанот ќе присуствува бугарскиот претседател Румен Радев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.

Најавено е присуство и на поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, како и на претставници на Бугарската православна црква.

Инаку, Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.

По настанот, средба во Дојран ќе остварат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и бугарскиот претседател Радев.  На воената парада во Софија за „Денот на Бугарската Армија“ за прв пат ќе учествува и македонска војска – еден ешалон од четвртиот механизиран пешадиски баталјон, од првата механизирана пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија .

На парадата во Софија, ќе присуствува и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here