Vucic-turcija

(Видео) Вучиќ со “Мерхаба аскер“ ја поздрави почесната Турска гарда

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара со највисоки државни почести го прими српскиот претседател Александар Вучиќ.

erdogan-vucic-2018-1

Свечениот прием уприличен е на платото пред Претседателската палата во Анкара, а, Вучиќ турските гардисти ги поздрави со поздравот “Мерхаба аскер“.

По официјалниот прием, Ердоган и Вучиќ започнаа билатерален состанок, по што следеше седница на Советот за соработка и потпишување билатерални договори.

Претседателите на новинарите заеднички ќе им се обратат после состаноците.

Ердоган, вечерва ќе организира вечера за Вучиќ и српската делегација.

erdogan-vucic-2018-4Вучиќ пристигна синоќа во дводневна посета на Турција, кога на Истанбулскиот аерродром беше пречекан од турскиот претседател Ердоган.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 5