putin-kola

(Видео) Путин на инаугурацијата пристигнал со лимузина од руско производство “Kortezh”

Претседателот Владимир Путин на инаугурацијата за својот четврти мандат пристигна со новата блиндирана лимузина специјално направена за рускиот претседател, објавија руските медиуми. Лимузината со која пристигнал Путин,произведена е како пренесува “Русија денес” во програмата “Kortezh“, и ќе ги замени германските автомобили во кои до сега се возеше рускиот претседател.

Руските власти не користеа сопствени производствени возила уште од Советскиот Сојуз.

Проектот “Kortezh“ прашање е на престиж со кој Путин го демонстрира технолошкиот и индустрискиот напредок на таа земја, објавија руските медиуми.

Путин денеска положи свечена заклетва за четвртиот мандат за руски претседател.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× two = 6