fra-odza-pop

СЛОГА И ЉУБОВ: Фратар, оџа и поп живеат како браќа

Ако негативните слики од времето на војната, шовинизмот и политичките прашања може да се остават зад себе и да се живее во љубов и слога, ни зборува примерот кој доаѓа од Кордун, Хрватска. Во округот Карловац, во општината Војниќ, Господ на исто место ги собрал три млади верослужбеници, -фратар, поп и оџа, за да го шират мирот меѓу нациите и различните религии.

Зошто Господ тоа го сакаше така, само тој знае, меѓутоа интересно е што овој дел од корданскиот простор, кој честопати крвареше низ историјата, најчесто беше ничија земја, ги спои овие луѓе, кои ќе почнат да спојуваат различностите.

Запознајте го фратарот Иво Бошњак, оџата Адмир Мухиќ и православниот Парох  Жељко Видаковиќ, кои се родени во Босна и Херцеговина и дојдоа во оваа општина за да им покажат на луѓето дека сите можат да живеат и да се сложуваат како браќа.

Фратар Иво (Фото: Јутарњи лист)

Фра Иво Бошњак се грижи за околу 2.339 припадници на неговата парохија, а оџата Адмир пред шест години стана главен имам на Карловачкиот Меџлис, а прох Жељко се пресели во Кордун во 2011 година.

Во Војниќ живеат помалку од 5.000 луѓе во подножјето на Петрова Гора – секој друг е Србин, нешто помалку Хрвати и најмалку Бошњаци. За соживотот овде и не се зборува премногу, кога во пракса функционира веројатно подобро од било кое друго место, пишува “Јутарњи лист”.

“Верата се поврзува преку убави нешта, но и преку проблемите низ кои сите минуваме. Малку е да се каже дека меѓурелигиските односи се коректни, бидејќи тие се уште многу подобри. А што се однесува до нас тројцата, тука нема потреба да се потроши збор “, се согласува оваа тројка.

Менталитетот на Хрватите, Бошњаците и Србите во овие области е многу сличен “, додава оџата Мухиќ.

Имам- Мухиќ (Фото: Јутарњи лист)

“Сите тројца сме родени во Босна, млади сме луѓе, неоптоварени од минатото, немаме сопирачки, пораснавме во мултиетнички средини, но сепак, сето тоа се сведува на едно нешто: или сте човек или не си човек, тоа нема многу врска со националноста “, нагласува фратарот Иво.

Парох Жељко (Фото: Јутарњи лист)

“Ех, дали женидбата е предност или недостаток, не знам ниту сам што би ти рекол. Тие ми кажуваат – блазе си тебе, немаш жена, па никому не му полагаш никаква сметка, а јас нив им велам, да немате жена, би кукале и вие! “, Низ насмевка и шегобијно раскажува Фра Иво.

Прво пријателство склучиле ефендијата и парохот, бидејќи тие се најдолго во Војниќ.

Имамот Адмир вели дека тој го направил првиот чекор.

“Го посетив Жељко на празник. Помислив, кога дете ќе види оџа, фратар и поп како седат заедно, дома ќе каже: мамо, тато, бабо, ги видов како седат заедно. Тогаш родителите ќе мора да му кажат: и тој е човек, иако тој не е “наш”! Поздрави го, помогни му, насмевни му се на поминување, стани во автобус. Нека оваа наша заедничка слика биде таква порака што ќе отиде во светот “, вели имамот.

А, на прашање дали постои нешто што може да ги скара, постои само една работа што предизвика жилчна расправа- онаа на која ниту еден Босанец не може да остане имун.

“Се знае заради што најмногу може да се налути Босанец: два проценти вицеви за Босанците, три проценти политичари и 95 проценти бурек со сирење. Значи, бурек е само оној со месо, а сите други се нарекуваат по намирниците: сирница, зељаница, компируша. И тогаш дознаваме дека парохот Желко, освен со месо, јаде бурек со сирење и не сирница, бидејќи на некој начин во неговиот роден Зворник заживеа тоа мрско име. Ете тоа е она за што се расправаме “, открива веселиот имам.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = twelve