tramp-putin

Трамп му честиташе на Путин: Се надеваме на воспоставување на добри односи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин на стапување на должноста, изјавила портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс. “Претседателот му честита и се надева на воспоставување добри односи со Русија”, изјавила Сандерс на редовниот брифинг.

Владимир Путин на свечената церемонија на инаугурацијата положи заклетва за претседател на Русија и го презеде новиот шест годишен мандат.

“Додека стапувам на должноста на претседател, посебно силно ја чувствувам одговорност пред нашата мултинационална нација, одговорност пред Русија, пред илјадагодишната историја на нашата државност, нашите предци. Сметам за мој долг и значаен на својот живот да направам сé за Русија”, изјавил Путин, обраќајќи се пред собраните по преземањето на должност.

Путин го номинираше Дмитриј Медведев за премиер, објави Кремљ.

Кандидатурата на Медведев треба да биде потврдена од страна на Државната Дума, долниот дом на парламентот.

Извор:(Vijesti / NN)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine × 2 =