viktor-orban-1000x555

Унгарците на протести, не го сакаат Орбан за премиер

Унгарскиот претседател Јанош Адер денес на парламентот му предложи да го изберат Виктор Орбан за премиер.

Тој, исто така, ги повика пратениците да го изменат изборниот закон, со цел, меѓу другото, да ги исфрлат помалите партии од парламентот, кои, според него, учествуваат на изборите само да земаат пари од државата.

За тоа време неколку стотици луѓе протестираа пред парламентот, најголем број против Орбан, додека некои бараа промени во неефективната опозиција.

Партијата на Орбан, Фидес, освои 133 од 199 места со коалициски партнер, што и ‘овозможува да го промени уставот.

Сé уште не е познато кога парламентот ќе гласа за новиот мандат на Орбан.

Ако биде избран, ова ќе биде негов четврти мандат, а трети еден под друг.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 8