netanjahu-Tramp

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за “историската одлука“ против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ја поздравува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

Нетанјаху таквата одлука американската администрација ја нарече  како”храбар чекор”.

- Израел целосно ја поддржува храбрата одлука на Трамп да го откаже катастрофалниот договор со терористичкиот режим во Техеран – се вели во соопштението на израелскиот премиер.

Тој посочи дека споменатиот нуклеарен договор го зголемувал иранскиот маневарски простор на Блискиот Исток.

- Израел беше против договорот уште од самиот почеток. Наместо да го спречи овој договор, тој едноставно му олесни на Иран да развие нуклеарна бомба – рече Нетанјаху.

Тој додаде дека Иран, благодарение на нуклеарниот договор, разви балистички ракетен моќ, истакнувајќи дека Техеран претставува закана за целиот свет, првенствено на Блискиот Исток.

- Затоа Израел смета дека Трамп направи историски чекор и затоа му се заблагодаруваме на храбрата американска администрација, пред се претседателот Трамп, - изјавил израелскиот премиер.

Трамп изјави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран, велејќи дека тоа ќе ги врати и санкциите кон Иран, прекинати во 2015 година.

Договорот меѓу Иран и шесте сили (САД, Франција, Кина, Русија, Велика Британија и Германија) ја ограничува иранската програма за збогатување на ураниумот за да не може да се користи за развој на атомското оружје, а за возврат Иран ги олеснува меѓународните санкции, од кои повеќето беа укинати во јануари 2016 година.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × = sixty three