Истакнат член на екстремната десница во Германија 89-годишната Урсула Хавербек беше уапсена  и приведена заради издржување на двегодишна затворска казна заради негирање на Холокаустот, објавија денес германските медиуми.

“Урсула Хавербек конечно започна со отслужување на двегодишна затворска казна”, изјавил повереникот на германската влада за антисемитизам Феликс Клајн.

“Повторно се раѓаат најлошите видови на популизам и ксенофобија и тоа многу вознемирува“. Урсула Хавербек на неколку инстанци правосилно осудена заради негирање на холокаустот во текстовите што ги објавила во 2014 и 2015 година во екстремното десничарско списание  “Глас на Рајхот”.

Поради истото кривично дело, ширењето на расна и верска омраза, вклучувајќи го и одбивањето на Холокаустот, Хавербек веќе е осудувана и во неколку други градови, вклучувајќи ги  Хамбург и Берлин.

Надлежниот државен обвинител објави дека налогот за издржување казната стапила во сила откако вештакот открил дека 89-годишњакињата е во “добра здравствена состојба и може да ја издржи“, затворската казна. Хавербек во јавноста тврдела дека не оди на издржување на казната, бидејќи чека експертско вештачење, кое, како што тврдат властите, веќе е завршено неколку недели.

Урсула Хавербек е меѓу најпознатите германски десничарски екстремисти. Позната е поради постојаното негирање на холокаустот и тврдењето дека Аушвиц не бил логор за убиства, за кој во Германија е предвидена казна затвор до пет години.

Извор:globalcir

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име