Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД ќе бидат губитничката страна заради повлекувањето од меѓународниот договор со Иран, бидејќи  не остануваат доследни во согласност со веќе постигнатиот договор, јави агенцијата Анадолу (АА).

Ердоган разговарал со новинарката наСИ- Ен-Ен, Беки Андерсон, и ова утринава беше објавен првиот дел од интервјуто за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за еднострано повлекување на САД од договорот за нуклеарната спогодба на Иран.

-Овој договор ги промени трендовите и даде надеж за надминување на овој повеќегодишен конфликт. Сега, одеднаш, сè се претвори во спротивна насока и ќе има орефлексија на глобалната, а исто така и на турската економија – рече Ердоган.

Нагласувајќи дека новата ситуација може да донесе некоја корист за САД, ама истата негативно ќе погоди и вознемирување на многу други земји, Ердоган истакна дека не треба да се отвараат нови кризи во светот.

-Кога нешто ќе се потпише, кон тоа треба и да се придржува. Меѓународните договори не можат да се уриваат и склучуваат кога ќе посакате”, заклучил Ердоган.

Извор:Faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име