хамнеи1

Ајатолахот Хамнеи го предупреди Трамп: Правиш голема грешка

Иранскиот верски лидер, ајатолахот Хамнеј, го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека направил голема грешка, повлекувајќи ги САД од меѓународен договор за нуклеарната програма на Иран. “Синоќа го слушавте простиот и глупав говор на американскиот престедател. Тој изнесе повеќе од десет лаги. Тој му се закани на иранскиот режим и народот. Јас, во името на иранскиот народ, му порачувам дека направи голема грешка “, изјавил денес ајатолахот Хамнеи во говорот на Универзитетот во Тегеран Ференгијан.

Американскиот претседател Трамп минатата ноќ објави дека САД дефинитивно го напуштаат меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран и најавија обновување на остри санкции против Техеран.

Непосредно по објавата на Трамп минатата ноќ, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека договорот ќе остане во сила со напорите на останатите пет потписници.

На утринската седница, иранските пратеници, во знак на осуда на одлуката на Трамп, го запалија американското знаме и текстот на меѓународниот договор, додека претседателот на иранскиот парламент Али Ларини изјави дека повлекувањето од договорот покажало дека Трамп немал интелектуален капацитет за решавање на проблемот.

Договорот за нуклеарното прашање на Иран беше потпишан во 2015 година од страна на делегациите на Иран и групата П 5 + 1, или делегацијата на пет постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации и Германија.

Извор:(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = ten